1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународната лига на хуманисти му доделува награда на Киро Глигоров

20 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BhnZ

Поранешниот македонски претседател Киро Глигоров денеска во Сараево треба да ја прими наградата на Меѓународната лига на хуманисти – Државник на столетието. Наградата се доделува како признание за неговиот придонес во изградбата на мирот и разбирање меѓу народните и државите.

Покрај поранешниот претседател Глигоров, добитници на ова високо признание се и поранешните претседатели на Чешка Вацлав Хавел и Словенија Милан Кучан и претседателот на Хрватска Стипе Месиќ.