Мешани чувства кај германските тимови по жребката во Нион
16 декември 2013„Минатата година е добар предзнак, но Арсенал е тежок противник“, изјави капитенот на актуелниот европски клупски шампион , Филип Лам во рекцијата на жребката на двојките за осминафиналната рунда во Лигата на шампионите, што се оддржа денеска во Нион, Швајцарија, седиштето на Европската фудбалска асоцијација - УЕФА . Тој изрази задоволство дека ќе има повторна средба со неговите репрезентативни колеги Месут Озил, Пер Мертезакер и Лукас Подолски и истакна дека Арсенал е најтешкиот противник што можел да се падне од групата на второпласирани екипи во натправерувањата по групи.
„Имаше попријатни и полесни противници во групата на втолопласирани. Јас порадо би играл против Зенит Санкт Петерсбург“ , гласеше пак реакцијата на претседателот на Управниот одбор на Бајерн Минхен, Карл Хајнц Румениге.
Во неговата изјава тој можеби алудираше на противникот од групата на второпласирани кој го доби Борусија од Дортмунд. „Никогаш не сум бил во Русија и многу се радувам на двомечот во февруари и во март. Во наредните недели интензивно ќе се занимаваме со Зенит Санкт Петерсбург“ , изјави тренерот на Борусија, Јирген Клоп по жребката во Нион, додавајќи дека рускиот тим без сомневање има голем број квалитетни играчи во своите редови.
Капитенот на црно-жолтите Себастијан Кел пак смета дека екипата има големи шанси да се пласира во четвртфиналето „ Со Зенит не ни се падна најтешкиот противник, можеше да биде и полошо“, рече Кел.
Многу полошо може да се каже дека помина вечниот ривал на Борусија од Рурската област, Шалке. како второпласирани во групата, сино-белите за поротивник го добија моќниот Реал Мадрид :„Ова е извонреден исход од жребката и за нашите навивачи. Многу се радуваме дека ќе ги одмериме силите со напрочуениот фудбалски клуб во светот со играчи како Кристијано Роналдо, Икер Касиљас и Герет Бејл“, изјави тренерот на Шалке, Јенс Келер. Капитенот Бенедикт Хеведес жали пак дека нема да може да игра против репрезентативниот колега Сами Кедира кој поради повреда ќе го пропушти двомечот. „ Дури и ако Реал е апсолутен фаворит сметам дека имаме аутсајдерски шанси“, рече Хеведес.
Германија годинава за првпат во историјата во финалната фаза на Лигата на шампиони има четири претставници. Ниту последниот претставник Бајер Леверкузен нема да тргне во осмунафиналниот двомеч како фаворит. Имено Бајер игра против тимот на Парис Сен Жермен: „ ПСЖ не е само Златан Ибрахимовиќ туку има и други играчи од светска класа како Кавани, Лавеци, Тиаго Силва, Лукас и Пасторе. Затоа ние сме помалку аутсајдери, но не сме сосема без шанси“, изјави спортскиот директор на тимот од Леверкузен, Руди Фелер. Капитенот, Симон Ролфес пак истакна дека двомечот со Французите ќе биде голем предизвик за играчите на Бајер, кој со задоволство ќе го прифатат. „Многу се радуваме за овие два натпревари“, додаде Ролфес.
Ждрепката за осмина финалето во Лигата на шампионите во фудбал донесе и други занимливи двојки кои ветуваат добар фудбал.
Имено дебитантот во оваа рунда од Лигата на шампионите, Манчестер Сити ја дочекува Барселона. Петкратниот шампион во
Лигата на шампионите, италијански Милан пак, ќе му биде домаќин на Атлетико Мадрид.
Од останатите двојки, Дидиер Дрогба и Галатасарај го дочекуваат англиски Челзи, а за Дрогба ова ќе биде прв натпревар против тимот на кој му ја донесе токму оваа титула во 2012 година. Манчестер Јунајтед ќе игра против грчки Олимпијакос.
Првите натпревари од осмина финалето на Лигата на шампионите ќе се одиграат на 18 и 19, или 25 и 26 февруари, додека пак возвратните дуели на 11 и 12 или 18 и 19 март.