1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Миграцијата може да стане судбинско прашање за ЕУ

ЕМФ
28 јуни 2018

Германската канцеларка Ангела Меркел во владина изјава во Бундестагот призна дефицити во германските и европските регулативи за азил и оцени дека бегалците може да станат судбинско прашање за ЕУ.

https://p.dw.com/p/30SDN
Bundestag - Angela Merkel
Фотографија: Reuters/C. Mang

„Не сме онаму каде што би сакале да бидеме“ - оцени германската канцеларка Ангела Меркел во владината изјава во парламентот во Берлин, зборувајќи за миграцијата, азилот и бегалците. Според Меркел, сите во Европа се единствени дека треба да се намали илегалната миграција. Таа најави засилување на безбедноста на границите и рече дека мора да се разговара со африканските држави за враќање на бегалците кои немаат право на азил.

Меркел смета дека она што е итно неопходно е да се уреди и подобро да се управува проблемот со секундарната миграција. „Барателот на азил не може да си ја избира земјата во ЕУ каде што ќе достави барање за азил“, рече канцеларката, додавајќи дека земјите каде доаѓаат најголем број бегалци „не смееме да ги оставиме сами“.

Најавувајќи дека за прашањето на миграцијата ќе се разговара вечерва на самитот на ЕУ во Брисел, Меркел рече дека ако не е можен одговор за мигрантското прашање на сите 28 земји на Унијата, тогаш ќе мора да се носат решенија во рамки на „Оска на волните“ држави.

„Европа има многу предизвици, но миграцијата може да се претвори во судбинско прашање за Европската Унија“, порача Меркел од говорницата во Бундестагот.

Повеќе:

 Кризна средба во германската влада

Албанија отфрла азилантски центри на своја територија

Германската канцеларка е под притисок да оствари напредок во судирот околу прием на бегалци во Германија. Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер се закани дека доколку тоа не се случи, ќе издаде наредба за гранични контроли и за враќање на бегалците кои се веќе регистрирани во други држави на ЕУ. Меркел стриктно се противи на тоа и индиректно се закани со отпуштање на Зехофер доколку се случи такво нешто.