1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Меркел бара дисциплина од своите сонародници

БГ/ ДПА
2 ноември 2020

Германските граѓани мора да бидат дисциплинирани за властите да ги тргнат рестрикциите во јавниот живот пред божикните прослави, порача денеска канцеларката Меркел.

https://p.dw.com/p/3km8P
Deutschland Berlin | Pressekonferenz | Angela Merkel
Фотографија: Kay Nietfeld/AFP/Getty Images

„Светлото на крајот на тунелот е се уште далеку“, порача денеска канцеларката Ангела Меркел. Говорејќи на прес-конференција посветена на новите рестрикции кои стапија во сила од денеска, таа предупреди дека е во прашање здравствениот систем на државата и побара од граѓаните да ги намалат социјалните контакти за време на зимските месеци.
„Дали големите заеднички напори ќе успеат во ноември не зависи од правилата, туку од нивното почитување“.

Почнувајќи од денеска во следните четири недели, Германците ќе мора да издржат без посета на ресторани, кафулиња, музеи, кина и театри, како и со ограничени социјални собири. Туризмот е речиси забранет, а хотелите ќе примаат само гости кои имаат неопходни потреби.

„Секој поединец има моќ да го претвори овој ноември во заеднички успех- во пресвртница кон контрола на пандемијата“, рече Меркел.

Целта на новите владини мерки, вели канцеларката, е да се спасат божикните празници- како за фирмите, така и за граѓаните. Сепак, таа не очекува дека ќе бидат дозволени прослави на Новата година.
Инциденцата на новозаразени на 100.000 жители во последните седум дена е речиси 128, што според Меркел е превисоко. Таа сака инциденцата да се врати на 50, по што здравствените власти повторно ќе можат да ги следат изворите на инфекцијата.

„Доколку сите бидеме одговорни во ноември, потоа можеби ќе можеме да си дозволиме повеќе слободи за Божик“, порача Меркел. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема