Меланија Трамп во друштвото на „легендарни“ први дами
11 ноември 2016Реклама
Меланија Трамп, соругата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп влегува во „избраното друштво“ на првите дами во светот. Вниманието на јавноста секогаш е свртено и кон оваа „поубава половина“. Некогаш првите дами се само во сенка на своите сопрузи, некогаш се истакнуваат со убавината, вкусното облекување или ексцентри чност. Но, има и примери кога првите дами вистински и успешно се ангажираат на одделни полиња, често на хуманитарен план. Ви претставуваме неколку од „легендарните“ први дами во светот.