1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Мајките од Сребреница“ делумно задоволни од пресудата во Хаг

Драган Максимовиќ / Александар Методијев16 јули 2014

Окружен суд во Хаг делумно ја потврди тужбата на „Мајките од Сребреница“ против државата Холандија и нејзините воени сили. Судотот ги подели жртвите во три категории. Пресудата е првостепена и карта за натаму.

https://p.dw.com/p/1Ce1e
Фотографија: picture-alliance/dpa

По оваа пресуда, доколку биде потврдена во понатамошна судска постпака, Холандија е соодговорна за страдањето во Сребреница во јули 1995 година. Судот жртвите ги подели во три категории – оние кои биле во базата во Поточани, околу базата и жртви кои биле насочени кон шумата од центарот на Сребреница.

Адвокатот на жителите во Сребреница Семир Гузин за Дојче веле изјави дека пресудата е историска и дека ова е само почеток во борбата за правда.

„За првпат е утврдено дека државата Холандија е одговорна за злосторството во Сребреница во граѓанско-правна смисла. Негирања во јавноста веќе не може да има од страна на одреден круг на холандски политичари. Поделбата на жртвите на категории е неприфатлива, меѓутоа ние ја продолжуваме борбата и ќе поднесеме жалба“, изјави за ДВ адвокатот Гузин.

Влезница за натаму

Претставниците на семејствата на жртвите се задоволни со пресудата, иако делумно, со оглед на тоа што судот ги подели жртвите. Мунира Субашиќ од здружението „Мајките од енклавите Сребреница и Жепа“ вели дека борбата дури сега претстои за сите жртви, а не само за дел од нив.

„Не сме задоволни, бидејќи не ги опфатија сите жртви. Меѓутоа ние ќе одиме натаму и ќе докажеме дека се одговорни за сите луѓе. Не можеме да ги делиме. Соте се жртви и ние тоа ќе го докажеме и имаме добра влезна карта и можеме да кажеме дека сме победници“, вели Сувашиќ.

Beerdigung in Potocari Srebrenica
Сребреница, 11 јули 2014 годинаФотографија: DW/E. Musli

Судот донесе одлука дека Холандија е виновна само за убиствата на Бошњаците кои од базата на ОН се предадени во рацете на припадниците на војската на Република Српска. Правниот експерт Касим Трнка е согласен со оценката дека се работи за преседан, кој значително ќе влијае и на некои други пресуди, посебно кога станува збор за одговорноста на државата.

Крај на криењето зад дипломатскиот имунитет

„Тоа е преседан во функционирањето на меѓународното право, во одговорноста во случај на такви интервенција, односно одговорност на државите учеснички во мировните мисии. Така што тие веќе не можат да се кријат зад дипломатскиот имунитет и да не ги извршуваат своите обврски и мисијата која им е доверена“, вели Трнка.

Од адвокатскиот тим велат дека тужбата е поставена така што сите жртви треба да ја одбијат тужбата и дека државата Холандија е одговорна за штетата настаната за сите жртви. Тимот очекува исто така по оваа пресуда да се изврши притисок врз холандската политичка јавност да се пристапи кон решавање на прашањата за групите за кои судот не утврди одговорност. Исто така се очекува жалба од Холандија на оваа пресуда, а откако ќе стане пресудата правосилна ќе се знае на кој начин ќе може да се долува во вакви и слични предмети.