Мачките - интернет ѕвезди
8 август 2018Во низата куриозитетни светски денови, спаѓа и денешниот - меѓународен ден на мачките. Ретко некој е индиферентен на овие животни, се вели дека секој човек или ги сака или ги мрази мачките, но веројатно првите се во мнозинство. Според статистиката, видеата со мачки се меѓу најомилените и најгледани на интернет, додека видеата за кучиња се со големо растојание на второ место. Во Германија дури постои и Видеофестивал за мачки, каде се прикажуваат најдобрите филмови за овие популарни домашни животни. Главната награда е златно дрво за гребење, на кое веројатно повеќе се радува победникот-сопственик отколку неговата мачка.
Мачката инаку без конкуренција е најомилено домашно галениче во Германија, каде, според податоците на Институтот за истражување на пазарот Скопос, во 2017. година живееле околу 13,4 милиони домашни „мали тигри“. Така, во просек секое петто домаќинство има мачка дома. По 16 години чување на домашното љубимче, трошоците за една мачка, при просечно добра нега, според проценките на Сојузот за заштита на животните, се сумираат на најмалку 11.000 евра. Но, како што е познато, кога е љубовта во прашање, не се гледа на цената.