Масакр во Пешавар
Заложничката драма во едно училиште во Пакистан однесе голем број човечки животи. Премиерот Наваз Шариф изрази шокираност и го осуди нападот.
Хаотична состојба
Вкупно 500 ученици и наставници станаа потенцијални жртви на насилството на талибанските напаѓачи, откако тие навлегоа во едно училиште во Пешавар. Очевидците информираат дека од зградата се слушале престрелки и експлозии. Ситуацијата на лице место сѐ уште е непрегледна. Очигледно се води престрелка меѓу силите за безбедност и атентаторите.
Голем број жртви
Најмалку 130 луѓе го загубија животот во нападот, повеќето од нив се деца. Повредените, кои армијата успеа да ги ослободи, се транспортирани со возила за прва помош. Очевидци велат дека напаѓачите ги користеле ученици како човечки штитови. Се очекува да расте бројот на жртвите. Некои од повредените биле во критична состојба.
Атентаторите се убиени
Утрото шест вооружени мажи во армиски униформи влегоа во зградата. Пакистанската војска потоа го опколи училиштето и дојде до престрелка со напаѓачите, при што биле убиени атентаторите.
Напад за време на испит
Во моментот на нападот во училиштето се одвивале испити. „Бевме во училницата за испити, кога ненадејно се слушнаа истрели“, информира еден преживеан. „Наставникот ни рече да легнеме на земја и да бидеме мирни. Се слушнаа еден куп истрели. Кога тие се подсмирија дојдоа нашите војници и не извадија надвор“.
Училиште со добро реноме
Повеќе од 1.000 деца и млади учат во погоденото училиште во Пешавар. Тоа е една од 120-те образовни институции во земјата со кои управува пакистанската армија. Овие училишта имаат високо реноме кај многу родители и се познати поради нивниот висок образовен стандард.
Одмазднички чин на талибанците?
Пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за заложничката драма. Нападот е одмазнички чин за воената офанзива во тешко достапниот регион на северо-западот на земјата на границата кон Авганистан. Таму пакистанската армија со месеци презема акции против радикално-исламистичките групи како талибанците или терористичката мрежа Ал Каеда.
Премерот е шокиран
Пакистанскиот премиер Наваз Шариф силно го осуди нападот и говореше за национана трагедија. Според пакистанските медиуми тој рекол. „Тоа се мои деца. Тоа е моја загуба“. Според информациите, Шариф заминал за Пешавар. Акцијата за ослободување на училиштето е завршена.