1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонски научни трудови во светски научни списанија

Антоанела Димитриевска15 август 2012

Голем број на научни трудови од сите области на македонските научници се‘ повеќе се објавувани во светски познатите научни списанија, што отвора можност за нивно вклучување и во меѓународни проекти.

https://p.dw.com/p/15pie
Фотографија: Petr Stojanovski

Според изјавите за ДВ на некои од македонските научници, во последните две години споредени со претходните две-три, зголемен е бројот на научни трудови од Македонија кои се објавуваат во светски реномирани научни списанија од различни области.

Според податоците на Државниот завод за статистика кој целосно ги има средено резултатите за 2009. година, од македонските научници во таа година во странски списанија во други држави биле објавени 365 трудови од кои најмногу-123 биле од биотехничките науки, 107 од медицинските, а 87 од техничките науки. Од општетствените се објавени минимални 26 труда и 7 од хуманистичките науки. Според Горан Киранџиски од Државниот завод за статистика, податоците за 2010. се‘уште се обработуват, а за 2011. ќе бидат сумирани до крајот на годинава.

Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнолигија при МАНУ- расадник на научни трудови во меѓународни списанија

Еден од најпознатите и реномирани центри во Македонија чии научници имаат објавувано најмного научни трудови во странски списанија е Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов‘‘ при МАНУ. Токму проф д-р Ефремов, основачот на овој центар, кој почина минатата година, имаше објавено 500 научни трудови, од кои повеќе од 280 беа објавени во врвни меѓународни научни списанија и е најмногу цитиран научник од Македонија.

Bildergalerie Geschichte von HIV/AIDS
Фотографија: AP

Работата на овој Истражувачки центар при МАНУ ни ја појаснува д-р Емилија Шукарова Стефановска.

„Излезени се и бројни трудови во последните 20 - тина години колку што и овој центар функционира. Пред се‘ од областа на талафемиите меѓутоа и цистични фибрози, хемофилија, мускулна дистрофија. Трудови во реномирани меѓународни списанија, меѓутоа и во наши домашни публикации‘‘ .

Овој истражувачкиот центар на МАНУ во рамки на СП 7 проектот, којшто е при крај, набавил високо софистицирана опрема, појаснува Шукарова Стефановска.

„Се насочуваме и во многу посовремените истражувања во геномиката и протеономиката, односно изучувањето на хуманиот геном и протеом. Па така сега имаме и соработка со странски институции, а и објавуваме трудови од истражувањето на основите на протеономиката, односно протеинскиот состав на човекот‘‘.

Научниците од овој центар објавувале и објавуваат научни трудови во реномираните научни списанија „Мејџ Џенетикс‘‘, „Андрологија‘‘, „Мутејшн Детекшн‘‘, Акта хематолоџи хемоглобин‘‘, „Балкан џрнилоф медикал џенетикс‘‘ и многу други.

Можност за финансиски средства за македонските научници

Да се објави научен труд во меѓународно списание за нас често значи вклучување и во меѓународни проекти, потенцира д-р Шукарова Стефановска.

„Кога постои иста тема на работа и интерес, тоа е можност за соработка на проекти, да се пријават и можност за добивање на нови средства за спроведување на истражувањата‘‘.

Поттик плус за македонските научници од сите области и оваа година дава Министерството за образование и наука каде во тек е конкурсот за доделување финансиски средства за објавени научно истражувачки трудови од македонски автори во меѓународни списанија. За тоа министерството ќе додели по 30 илјади денари за вкупно 300 научно истражувачки трудови, по 50 трудови од сите области.