1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија - ризница на културни богатства

Свето Тоевски1 октомври 2007

Макеоднија претсавува неизмерно богат културен трезор на археолошки локалитети. Богатсво кое треба да се негува и чува.

https://p.dw.com/p/BlZK
Богатсвата на МакедонијаФотографија: picture-alliance/ dpa

Традиционалната манифестација „Европски денови на културното наследство“, што се одржува во Македонија бише повторно можност земјата да им го сврти вниманието на Европејците, но и на својата домашна јавност, за своето културно наследство. Подотворањето на портите на пребогатите трезори – оние под земја, на археолошките локалитети, но, главно, со други скапоцености - со материјалните артефакти за животот на просторот на Македонија во изминатите илјадалетија, ќе биде насочено посебно кон децата и младите. Отворени се, или, допрва ќе се отворат изложби за археолошките откритија, а младите ќе учат за значењето на Исар, Самоиловата тврдина, за Градиште, Маркови кули, Баргала, Скопското кале, Вардарски рид.

Стенче - дел од пребогатиот археолошки трезор на Макеоднија

Владимир Лилчиќ од Институтот за историја на уметноста и за археологија на државниот Филозофски факултет во Скопје за Дојче Веле вели: - Република Македонија претставува неизмерно богат културен трезор со археолошки локалитети. Дел од нив се вистински сензации. Кријат во себе такви сензации, кои што не можеме ниту да замислиме.

Драгиша Здравковски од Одделот за археологија на Музејот на Македонија истакнува: - Македонија и дала на светската цивилизација многу капитални придонеси. Неолитската цивилизација е првиот придонес на Македонија кон светската цивилизација.

На се уште неизработениот дигитален атлас со околу шест илјади археолошки локалитети во Македонија оној кај тетовското село Стенче е во категоријата со врвни културолошки и цивилизациски вредности - велат експертите. Во рамки на „Европските денови на културното наследство“ деновиве таму екипа стручњаци од Музејот на Македонија и на Музејот на тетовскиот крај прпродолжија со истражувањата, кои ќе траат до десетти октомври годинава.

Раководителот на истражувањата доктор Здравковски вели дека и овојпат претрагите се насочени кон неолитскиот период. Велимир Цветановски, кустос од Музејот на Тетовскиот крај, кој е непосредно вклучен во истражувањата на Стенче, нагласува: - Како куриозитет, еве, да кажеме: се откри гробот на епископот, кој имаше некои наоди, што треба допрва да се обработат и да се конзервираат. На пример, чашата за покрстување, која е во фрагменти, но е исклучително редок наод.

Се разграбува или се уништува репрезентативното културно наследство

Република Македонија се повеќе го губи неповратно своето репрезентативно археолошко, културно наследство од минатите времиња, кое дел го уништуваат, или го приграбуваат „дивите“ трагачи по злато и уникатни археолошки наоди, што се продаваат потоа во странство за огромни пари. Дел од тоа наследство пропаѓа поради влијанието на забот на времето.

Се’ на се’, Македонија останува големо неистражено археолошко поле, кое има не еден, туку многу Плаошници. Стенче со богати наоди од животот низ седум илјади години долгиот временски континуум, од развиената неолитска населба преку ранохристијанскиот епископски центар во тетовскиот регион до денешни дни, е добар пример за обидите на Македонија да го заштити своето културно богатство сега и со вториот планиран проект целото село со живописната архитектура и неговите куќи да биде ставено под заштита на државата како споменик од културата.