1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Македонија против Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар

24 јануари 2018

Новото натпреварување на УЕФА кое започнува во септември годинава им дава шанси и на послабите репрезентации да се пласираат на Европското првенство во фудбал.

https://p.dw.com/p/2rSAY
Symbolbild - Vor Auslosung für die neue Nations League
Фотографија: picture-alliance/dpa/KEYSTONE/V. Flauraud

Македонската фудбалска репрезентација е во четвртата група од ткн. „Д Лига“. Доколку го освои првото место во групата тоа и го отвора патот на Европското првенство во 2020 година.
Натпреварувањето е поделено во четири лиги „А, Б, Ц и Д“, од кои секоја има по четири групи со по три или четири тимови. Најинтересните мечеви се очекуваат во лигата на големите- „А“, каде светскиот првак Германија е во група со Франција и Холандија, во групата 3 се Португалија, Италија и Полска, додека во групата 4 селекциите на Шпанија, Англија и Хрватска.
Жрепката за новото натпреварување се одржа денеска во швајцарската Лозана. Целта на натпреварувањето е да ги замени пријателските мечеви кои се играа меѓу репрезентациите во неколку термини во текот на годината. Но, истовремено, тоа ќе има и натпреварувачки карактер со оглед на тоа што победниците на групите ќе можат преку бараж да се пласираат на следното Еуро. Шампионот на Лигата на нациите ќе биде познат во јуни следната година кога во плеј-оф силите ќе ги одмерат победниците на четирите групи од лигата А. Последнопласираните екипи во групите од Лигата А ќе го загубат статусот во следното натпреварување, а на нивно место ќе дојдат првопласираните од групите во Лигата Б, и така натаму.

Nations League - Auslosung Trophäe
Пехарот кој ќе го добие победникот на турниротФотографија: picture-alliance/dpa/J.-C. Bott

Критичарите, особено претставниците на водечките европски клубови, велат дека новото натпреварување само ќе им создаде дополнителни обврски на, и онака, преоптоварените играчи.