Луговој обвинет за убиство на Литвиненко
23 мај 2007Реклама
Во случајот со смртоносното труење на поранешниот руски шпиун Александар Литвиненко , јавното обвинителство на Велика Британија покрена обвинение против уште еден поранешен агент на КГБ , Андреј Луговој
„ Бараме целосна соработка од руските власти да овозможат чесно судење во британските судови за овој сериозен криминален акт“ – порача британската министерка за надворешни работи Маргарет Бекет. Руските власти засега одбиваат израчување на Луговој , кој пак одново демантираше вмешаност во убиството на Литвиненко. Тој почина од труење со радиоактивниот отров полониум 210 во есента минатата година