1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондон и Вембли домаќини на финалето на ЕП 2020 година

ЖА/миа19 септември 2014

На денешната свечена церемонија во Женева претседателот на УЕФА Мишел Платини објави дека УЕФА донесе одлука завршницата на Европското првенство 2020 година да се одржи во Лондон.

https://p.dw.com/p/1DFnz
Фотографија: Reuters/Pierre Albouy

Финалниот натпревар, како и двата полуфинални ќе се одиграат на стадионот Вембли. Ова ќе биде првпат Европското првенство да се одржува во 13 градови во Европа. Според тоа четвртфиналните натпревари ќе се играат во: Баку, Санкт Петербург, Минхен и Рим, а во овие градови ќе се играат и по три натпревари од групната фаза.

Градовите: Копенхаген, Букурешт, Амстердам, Даблин, Билбао, Будимпешта, Брисел и Глазгов ќе бидат домаќини на три натпревари од групната фаза и на осминафиналните дуели.

Меѓу кандидатите за организација беше и Скопје со Националната Арена „Филип Втори“, но главниот град на Македонија заедно со градовите: Софија, Ерусалим, Стокхолм, Кардиф и Минск не добија можност да бидат организатори.

Шампионатот во 2020 година ќе се игра под мотото „Европа за Европа“ по повод 60 години од првото Европско првенство што ќе се слави таа година. Сите членки на УЕФА ќе играат во квалификациите, а ниту една нема загарантирано учество.