1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ликот и опачината на Рамуш Харадинај

5 март 2007

Денешен “Берлинер цајтунг“ открива подлабоко кој е всушност поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај, кој денеска ќе се најде пред Хашкиот трибунал. При тоа весникот повикувајќи се на документи од германската разузнавачка служба БНД.

https://p.dw.com/p/Ae4G
Судската сала на Трибуналот во Хаг
Судската сала на Трибуналот во ХагФотографија: dw-tv

На 38-годишниот Харадинај, кој според истоветни сознанија на германската разузнавачка служба БНД и на КФОР е еден од најважните кумови на косовската мафија, му се префрла во обвинението дека сторил повеќе злодела против човештвото, како измачување, силување, убиство и прогон на Срби и Роми од покраината.

Неговите криминални активности меѓутоа не играат никаква улога во сегашната судска постапка. Секако на големо олеснување на западните политичари, кои нерадо зборуваат за криминалната заднина на командантот на УЧК, бидејќи тој има големо влијание врз ектремистичките и насилни сили меѓу косовските Албанци. Доказ за тоа е неодамнешниот состанок на поранешниот управник на УНМИК, Јоаким Рикер, со Харадинај кусо пред неговото заминување за Хаг. А претходникот на Рикер на функцијата, Данецот Сорен Јесен Петерсен, Харадинај дури го нарече негов “пријател“.

Наспроти ваквите манифестации на поддршка, интерната анализа на БНД покажува нешто друго. Семејниот клан што го предводи Рамуш Харадинај владее во една од трите зони на интерес на организираниот криминал на Косово и се занимава со цел спектар на криминални, политички и воени активности. Околу 100-тината членови на кланот се активни на полето на криумчарење дрога, оружје и цела низа производи кои инаку подлежат на царински давачки – се вели во документот на германската тајна служба.

Во својство на таков регионален командант Харадинај особено е инволвиран во нелегална трговија со цигари, со нафта и во рекетарство. Освен тоа неговиот клан има важен удел во шверцот на дрога кон Европа. Криминалните активности, што достигаат и до Германија, се одвиваат преку лажни фирми на Западот.

Според еден документ на КФОР, што важи како таен, Рамуш Харадинај има удел во нелегалната трговија со оружје и украдени автомобили, како и трговијата со бело робје и проституција. Освен тоа, спроед анализата на КФОР, Рамуш со неговиот брат ја контролира и распределбата на хуманитарна помош за Косово“ - се вели на крајот од статијата што ја објавува денешен “Берлинер цајтунг“.