1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Либанец го извршил бомбашкиот напад во Бургас

БГ/ртр18 јули 2014

По извршената ДНК експертиза и мноштвото други процесно-истражни дејствија, утврден е идентитетот на извршителот на бомбашкиот напад од 18 јули 2012 година на аеродромот „Сарафово“ во Бургас.

https://p.dw.com/p/1Cf5V
Фотографија: Reuters

Нападот на аеродромот во Бургас во кој загинаа еден бугарски и петмина израелски државјани го извршил Либанецот Мохамад Хасан ел Хусеини, соопштија бугарските власти. Хусеини е роден во Либан на 27 мај 1989 година. Тој има либанско и француско државјанство и бил член на групата што учествувала во изршувањето на нападот, во кој биле вклучени и претходно идентификуваните Мелиад Фарах и Хасан Ал-Хаџ Хасан.

Пред две години групата изведе самоубиствен бомбашки напад врз еден автобус со израелски туристи во близина на аеродромот во Бургас. Софија за нападот ја обвини либанската шиитска милитантна група Хезболах, по што ЕУ го стави Хезболах на црната листа на терористички групи. Хезболах демантираше поврзаност со нападот.

Бугарските власти соопштуваат дека истрагата за терористичкиот напад и натаму трае, и дека ќе се одржи и судење.