1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Летот на Гагарин - триумф за Русија

12 април 2011

На денешен ден пред 50 години полета првиот човек во вселената, Русинот Јуриј Гагарин. До крајот на 60-те години, Русија беше неприкосновена во областа на вселенските летови. Годинава добива шанса да го поврати сјајот.

https://p.dw.com/p/10rQd
Јуриј Гагарин
Јуриј ГагаринФотографија: AP

Педесетгодишнината од летот на Јуриј Гагарин на 12 април во вселената за космонаутот Сергеј Волков е посебен ден: „Овој датум го симболизира триумфот на нашата земја. Советскиот сојуз беше тој, кој пред 50 години започна нова ера. Покрај се’ традицијата продолжува со млади космонаути. Тоа е најважното, и по 50 години постои патувањето во вселената и ние работиме понаму.“

Тоа не е само по себе разбирливо, оти не така одамна, космонаутиката некогаш бранша за пример, беше во длабока криза, вели московскиот експерт за вселенски летови Андреј Ионин: „Да, 90-тите години за Русија беа тешки. За време на Советскиот сојуз, државата беше единствениот налогодавач за вселенските системи. Потоа се намали за 20 пати.“

Во нуждата за пари, Русија го откри вселенскиот туризам. Прв турист кој полета во вселената во 2001 година беше американскиот милионер Денис Тито. Други следуваа по него. Горчливо искуство за космонаутите, кои мораа да останат приземјени, оти во Сојуз - капсулата има место само за тројца.

Првиот космонаут
Првиот космонаутФотографија: picture alliance/dpa

Денес ситуацијата е подобрена, констатира главниот уредник на московското стручно списание „Новости космонавтики“, Игор Маринин. Сепак, смета Маринин космонаутиката е конфронитирана со два основни проблеми: „Едниот е поставување на цели, што сметам дека е важно. Никој не поставува супер - задачи, од кои на луѓето ќе им светнат очите. Лет кон Марс на пример би била една таква задача. Вториот проблем е персоналот. Инжинерите треба да бидат добро платени, за од други бранши да се свртат кон космонаутиката. Браншата не е привлечна, оти нема предизвик.“

Ова би можело наскоро да се смени. НАСА уште оваа година ќе ја прекине својата Шатл - програма. Голема шанса за Русија, не само финансиски, имено Москва ја удвои цената за транспорт на американските космонаути до вселенската станица ИСС на 55 милиони долари за лет, туку и можност за развој и конструкција на нови летала и ракети.

Автор: Роман Гончаренко/ Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев