Крај на владеењето на Нетанјаху?
31 мај 2021Во Израел, по дванаесет години на повидок е крај на ерата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Неговите политички противници сакаат да формираат владина коалиција.
Лидерот на малата израелска партија десничарска партија Јамина, Нафтали Бенет синоќа објави дека ќе стори сѐ што е можно за да формира влада на единство со лидерот на израелската либрална опозиција, Јаир Лапид, лидерот на партијата на центарот Јеш Атид (Има иднина). Бенет го објави ова по повеќенеделни шпекулации дали би се согласил на ваков чекор.
Според извештаите на медиумите, целта е ротација на премиерската функција: првивите две години на неа ќе биде поранешниот министер за одбрана Бенет, а потоа Лапид.
Во Израел се одржаа четири круга избори во рок од две години, но немаше јасен победник, а Бенет синоќа рече дека земјата „ја губи својата способност да функционира“ и дека раководството се обидува да ги прикрие своите неуспеси со омраза и поделби.
Тој исто така изјави дека идејата за коалиција само на десничарски партии не е реална можност.
„Или петти избори или влада на единство. Нетанјаху добро го знае тоа", рече Бенет и додаде дека „ мора да се преземе одговорност во овој клучен момент".
Повеќе:
-Израел: На повидок нема стабилна влада
-Израел: Победа на Нетанјаху која не носи напредок
Набргу по објавата на Бенет, Нетанјаху во телевизиско обраќање предупреди од планираната коалиција на неговите противници. „Оваа влада ќе биде закана за безбедноста на израелската држава“, рече актуелниот израелски премиер. Нетанјаху исто така го обвини Бенет за измама на векот оти го прекршил предизборното ветување дека нема да коалицира со Лапид.
Евентуалната влада што сакаат да ја формираат Бенет и Лапид, би биле вклучени и партијата на центарот Сино и бело на актуелниот министер за одбрана Бени Ганц,, десничарската Нова надеж на поранешниот соработник на Нетанјаху, Гидеон Сар, националистичката партија Израел нашиот домна Авигдор Либерман, и левоцентристички лабуристи и левичарската партија Мерец.
Сепак, на ваквата влада ќе и биде потребна поддршка од приврзаниците на еврејските населби во окупираните територии и израелските арапски пратеници, што ќе ја загрози нејзината стабилност.