Кој е Фатах ал Ислам?
22 мај 2007Според либанската влада е сосем јасно кој стои зад „Фатах ал Ислам„ – група радикални и милитантни Сунити и нивното насилството од последните денови, вели министерот Марван Хамадех:
„Ова не е војна меѓу Либанците и Палестинците, туку меѓу легитимната либанска армија и владата со терористичка група што се крие во палестинскиот бегалски логор, доједна од Сирија и од таму вооружена и финансирана„.
Сирија го префрла хаосот и насилството во Либан, вели Хамадех, за да спречи меѓународниот трибунал да го открие убиецот на поранешниот либански премиер Рафик Харири. Други Либанци пак, не се сигурни дека Сирија се крие зад „Фатах ал Ислам„. Николас Ное од онлајн службата Мидиствајар, е одличен познавач на исламската сцена во неговата земја:
„Во групата има сириско влијание, но тоа не зборува и за можната поддршка од сирискиот режим, туку треба да се бара во историските врски меѓу сунитиските екстремисти во Сирија и Либан. Со децении сириското раководство, кое е алавитско, значи не сунитско, ги гони сунитските екстремисти. Многумина од нив најдоа засолниште во Либан и за нив државата многу не се грижеше„.
По лидерот на „Фатах ал Ислам„ со години се трага од страна на Сирија, неговите припадници во последната година водеа битки со сириските војници во пограничниот појас. Ное смета дека „Фатах ал Ислам„ е многу опасна организација и нејизните членови без сомневање се поврзани со Ал Каеда:
„Многумина од нив во последниве години војуваа во Ирак. Тие следат конкретна религиозна сунитска идеологија што се нарекува Салафизам. Тие Шиитите ги сметаат за неверници што треба да бидат убивани, подеднакво како што ги мразат христијаните и Сунитите што не се приврзани кон оваа екстремна религиозна верзија„.