1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово оди на предвремени избори

СН/агенции
22 декември 2020

Во рок од 40 дена на Косово треба да се одржат нови парламентарни избори, откако Уставниот суд го прогласи за неуставен изборот на актуелната влада. Денеска треба да започнат партиски консултации за датумот на изборите.

https://p.dw.com/p/3n2MH
Kosovo Verfassungsgericht in Pristina
Седиштето на Уставниот суд на КосовоФотографија: DW/B. Shehu

Претседателката на парламентот и вршителка на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, ќе ги повика денеска политичките партии на разговор во врска со датумот на одржување на изборите откако Уставниот суд го прогласи неуставен изборот на владата на Авдулах Хоти на 3 јуни.

Уставниот суд на Косово донесе таква одлука затоа што за изборот на владата беше пресуден гласот на пратеник кој претходно бил осуден на затворска казна. Судот го оцени неважечки гласот на пратеникот Етем Арифи, кој бил одлучувачки за време на гласањето за формирање на владата на Авдулах Хоти.

Kosovo amtierende Präsidentin Vjosa Osmani
Вјоса ОсманиФотографија: Office of the Kosovo acting president Vjosa Osmani

Судот констатира дека одлуката на парламентот на Косово за избор на Владата не била во согласност со Уставот, бидејќи не добила потребно мнозинство на гласови од сите пратеници, како и оти претседателот на Косово, земајќи во предвид дека Владата не е избрана по Уставот, распишал избори, кои треба да се одржат не подоцна од 40 дена од денот на распишувањето.

Повеќе:

-Новата косовска влада- алатка за постигнување договор со Србија

-Курти ги обвини САД дека му ја урнале владата

-Корона-кризата пресудна за падот на косовската влада

Шефот на кабинетот на в.д. претседателката на Косово, Фатон Пеци, изјави дека за одлуките на Уставниот суд не се расправа и оти Вјоса Османи денеска ќе започне со консултации за датумот за предвремени парламентарни избори.

Serbien Verfassungsgericht in Kosovo
Пленарната сала на косовскиот парламентФотографија: picture alliance/AP Photo/V. Kryeziu

Пеци за приштинската кабловска телевизија Канал 10 изјави дека за одлуките на Уставниот суд не може да се расправа.„В.д. претседателката Османи во вторник ќе започне со консултации со политичките партии за да се одлучи за датумот на одржување предвремени парламентарни избори“, изјави Пеци. Актуелната влада ќе остане на должност до изборите на новата Владата на Косово.