1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историски економски пад во Унгарија, Романија и Бугарија

БГ /АФП
14 август 2020

Трите земји од регионот на југоисточна Европа забележаа историски падови на брутодомашниот производ во последниот квартал поради пандемијата на коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3gyBl
Symbolbild Baurbeiter Wirtschaft Rezession
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene

Официјалните податоци на трите земји-членки на ЕУ покажуваат драматичен пад на БДП- најголем од падот на комунизмот.

Унгарскиот БДП паднал за 14,5 проценти во вториот квартал во однос на првите три месеци од 2020 година. Падот во Романија е 12,3 проценти, а во Бугарија 9,8, покажуваат официјалните податоци.

Во Унгарија, кризата со коронавирусот влијаеше врз услужните дејности како и врз индустријата, соопшти бирото за национална статистика. Падот на БДП далеку ги надмина проценките на аналитичарите.

„Целта е унгарската економија да се врати на предкризниот пат што побрзо и повторно да постигне раст од околу 5 проценти следната година“, соопшти министерството за финансии.
На годишно ниво, прогнозата е дека Унгарија ќе има пад од 3 проценти на БДП, Романија- 3,8; а Бугарија- 7 проценти.

Во Романија и Бугарија, извозот падна за 18 односно 23,4 отсто во вториот квартал.

Романските власти се обидуваат да ја зголемат домашната потрошувачка, а една од мерките е зголемување на пензиите за 14 проценти од септември годинава.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема