1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Мувлосаните домови на работниците во кланицата Тениес

Миодраг Шориќ
23 јуни 2020

Над 1500 инфицирани досега се регистрирани во германската кланица Тениес, жариште на коронавирусот. Условите за живот на работниците, меѓу кои, како што забележува репортерот на ДВ има и македонски државјани, се ужасни.

https://p.dw.com/p/3eB5J
Tönnies Rheda-Wiedenbrück | Wohnungen der Werksarbeiter
Фотографија: DW/M. Soric

Јаболкото на прозорецот изгледа свежо, на двата расклатени кревети во просторијата сè уште има постелнина: „До неодамна, во куќата живееја околу 13 фабрички работници“, вели Инге Булчшнајдер, која си години се залага за подобрување на условите за работа на претежно бугарските, романските , полските или македонски фабрички работници. 48-годишната жена покажува со прстот кон аглите на собите: виолетово-сива мувла каде и да погледнете. Влезната врата е отворена, но неиздржливо смрди во оваа куќа, зрела за уривање, во Реда-Виденбрик во Северна Рајна-Вестфалија, на околу десет минути возење од центарот на градот. Зад зградата во еден контејнер има стар фрижидер, кој очигледно е сè уште исполнет со месо. „Месо од Тениес, кое мувлосува таму“, вели Булшшниеер и го покрива носот.

Пред неколку години, таа организираше демонстрации пред оваа и други куќи за да го сврти вниманието на јавноста кон условите за живот на фабричките работници од Источна Европа. „Никој не се интересираше за компанијата Тениес, па дури ни градот“, огорчено вели таа. Барем тоа сега се смени: насекаде во Реда-Виденбрик има полицајци, градски инспектори, здравствени власти и војници на Бундесверот. Сите вработени во Тениес а сега и некои добавувачи на месо се тестираат на коронавирусот. Досега се регистрирани над 1.500 позитивни случаи.

Tönnies Rheda-Wiedenbrück | Wohnungen der Werksarbeiter
Фотографија: DW/M. Soric

Условите во Тенис, со години цел на критики

Инге Булчшнајдер се заинтересирала за фабричките работници откако во 2012 година за време на престојот во болница делела соба со една Бугарка. Таа и раскажала за тешките услови за работа во Тениес за многуте часови прекувремена работа, за мизерните услови за живот на работниците од источна Европа. Булчшнајдер основа граѓанска иницијатива и организираше демонстрации. Но, малку нешта се променија кај Тениес, чии работници од источна Европа, барем официјално, се вработени во суб-претпријатија.

Повеќе:

-Ковид-19 во кланица во Германија: Две третини од тестираните-позитивни

-Повторно корона-кластер во кланица во Германија

Големата кланица тешко може правно да одговора за делумно нехуманите услови за живот на работниците во фабриката. „Сите знаеја како изгледаат условите за работниците од источна Европа“, вели една минувачка во центарот на градот. „А ако жителите го знаеа ова, тогаш да не зборуваме за одговорните градски службеници, политичарите на регионално и на покраинско ниво, како и одговорните директори во Тениес“.

Други минувачи велат дека таа е во право. Сега се плашат дека опасниот вирус ќе се прошири и на остатокот од населението - дури и ако темпото не би било толку брзо. Имено вирусот можеше да се рашири толку брзо кај вработените во Тениес  поради лошите услови за живеење, но веројатно и поради условите за работа во фабриката, каде што работниците стојат близу еден до друг при касапењето на свињите и циркулира разладен воздухот.

Македонски работници во карантин, без контакт со семејствата

„Во Реда-Виденбрик има многу луѓе, подготвени да помогнат, луѓе кои  се ангажираа и за време на бегалската криза во 2015 година“, вели Гудрун Бауер, градска советничка од 1999 година. За жал, расте и ксенофобијата.  Некои граѓани ја изедначуваат опасноста од коронавирусот со луѓето кои „изгледаат поинаку“, со странските работници во Тениес, истакнува 59-годишната локална политичарка. „Тоа ме загрижува“, вели Бауер.

Работниците во фабриката живеат во многу различни објекти, расштркани во Рада-Виденбрик и многу околни места. Гудрун Бауер укажува на една, само неколку минути пешачење од живописниот градски плоштад со своите кафулиња и ресторани. Во трокатната зграда, двајца мажи седат на балконот, гледајќи во далечината и пушат. Зградата е под карантин, не смеат да излегуваат надвор.

Тие доаѓаат од Северна Македонија, не зборуваат германски, само малку англиски. Никој им нема  донесено ништо за јадење уште од минатиот петок, велат тие. Тие се жалат и дека не можат да им се јават на своите семејства во татковината. Не им е дозволено да ја напуштат зградата и во нивните простории нема интернет. Гудрун Бауер ја ниша главата во неверување и ветува дека ќе се погрижи за тоа.

За Инге Булчшнајдер, која со години протестира за подобри услови за живот на работниците, ангажманот на политичарките како Гудрун Бауер не е случајност: „Без корона-кризата, многу политичари, компанијата Тениес но и локалните жители тешко дека ќе беа загрижени за судбината за работниците во фабриката “, вели таа. И така, дури и нешто позитивно може да излезе од кризата.