Коронавирус: Како повторно да се лета?
20 април 2020Германскиот сектор за патнички авионски сообраќај планира да ги натера патниците во авионите да носат заштитни маски поради пандемијата на коронавирусот. „При влегувањето во авионот, за времетраењето на летот и при излегувањето треба да се внимава секој патник да носи заштитна маска“, се вели во предлог-концептот , кој го објавија весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) и новинската агенција ДПА. Тој содржи повеќе од 20 точки и е усогласен од раководствата на германските авиокомпании и аеродромите.
Проверка при чекирањето
„Постои соодветна обврска на патникот да носи со себе носи заштитна маска и да ја кориси“, се вели во една од предложените регулативи. Специјалните мерки „во интерес на здравствената заштита“ треба да стапат во сила уште пред патниците да стигнат до аеродромот. Така тие треба уште при онлајн-чекирањето да потврдат дека се здрави, и посебно дека не се заразени со коронавирусот.
Повеќе:
-Германија почнува да излегува од корона-застојот
-Германија: Кризата со коронавирус стана совладлива
-Корона во Германија - сега станува компликувано
Со цел да се одржуваат пропишаните растојанија, авиокомпаниите и аеродромите планираат да доставуваат повеќе информации и предупредувања преку разгласите на аеродромите, да постават повеќе ознаки, да работат повеќе шалтери за чекирање и да го продолжат времетраењето за влегување и излегување од авионите. „Каде што е можно и целисходно, треба да се одвива и мерење на телесната температура на птниците, со помош на специјални сонди“, стои во документот.
Капацитетот на авионите не се намалува
Од друга страна, во него не е вклучена последната сугестија на шефот на компанијата Изиџет, Јохан Лундгрен, да се отстрани средното седиште во секој редовите во авионите кои имаат по три седишта. Ова веднаш ќе го намали просторот за патници достапен во авионот за една третина. Предлозите доставени до германската влада се координирани помеѓу авиокомпаниите и аеродромите на национално ниво. Тие првично би требало да важат за период од шест недели, сугерираат авторите. Постојат слични размислувања и на европско ниво но без конкретни предлози.