1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Од утре рампи на германските граници

ЕМФ | агенции
13 февруари 2021

Германија сака да спречи ширење на мутации на корона вирусот со гранични контроли и строги правила за влез во земјата. Тоа на Европа не и' се допаѓа.

https://p.dw.com/p/3pJEr
Grenzkontrollen Deutschland Österreich
Фотографија: Barbara Gindl/APA/picture alliance

Словачка е трета земја која од страна на германската влада неделава е прогласена за подрачје со особено опасни мутации на корона вирусот. Тоа значи дека авиокомпаниите, железницата и автобуските компании веќе не смеат да превезуваат патници од Словачка во Германија. Исклучок се германски државјани и странци кои живеат во Германија.

Со ова Словачка им се приклучи наЧешка и Австрија (регионот Тирол) на списокот соседи на Германија од каде од утре ќе смеат да влезат само одредени категории луѓе. Според наводите на германската влада, во случајот на Чешка и Тирол, влез ќе биде дозволен за Германците, странците со живеалиште и престој во Германија, сезонски работници во земјоделството и медицински персонал. За забраната за влез на другите граѓаните да може да се спроведе, од утре ќе почнат контроли на границите со овие земји.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека во Германија ќе може да влезат и брачните партнери, животните придружници, малолетните деца и родители на малолетни деца, но само ако тие заедно ја минуваат границата со германските роднини. Од забраната се исклучени и возачите на камиони и друг персонал во транспортот на стоки. Треба да биде дозволен влез и од ургентни хуманитарни причини, како на пример смртен слуај. Сепак, во сите случаи кои се сиклучок од забраната, важат правилата за тестирање и карантин.

Повеќе:

Меркел предупредува од корона-мутациите

Дебатата за короната станува се' понапорна

Ковид карантинот во Германија продолжен до 7 март

Европската комисија претходно апелираше до Германија да дозволи исклучоци за луѓето кои патуваат до работното место, но министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер тоа категорично го исклучи. Тој рече дека германската влада нема само немо да посматра „како мутацијата на вирусот се префрла кај нас“. Граничните контроли се болни, но во моментов се неизбежни.