1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Милиони Германци соочени со ризик од тежок тек на Ковид-19

ЕМФ | агенции
24 февруари 2021

Повеќе од 20 милиони луѓе во Германија се соочени со зголемен ризик од тежок тек на корона-заболување поради нивната телесна конституција.

https://p.dw.com/p/3po65
Deutschland Diskussionsveranstaltung Berliner Kreis in der Union
Дебелината е фактор на ризикФотографија: Jörg Carstensen/dpa/picture alliance

Во истражувањето на научници од институтот „Роберт Кох“ (РКИ), чии резултати се објавени денеска, се вели дека со зголемен ризик од потежок тек на Ковид-19 се соочени 30,6% од населението над 15-годишна возраст, или околу 21,6 милиони луѓе во Германија.

Многу зголемен ризик, пак, има кај луѓето на возраст над 65 години, како и луѓето со претходни болести. Научниците тука ги имаат наведено дијабетесот, хроничните проблеми со бубрезите и дебелината.

Освен тоа, 15 милиони луѓе се соочени со малку зголемен ризик од тежок тек на корона-заболување. Со тоа, вкупниот број на луѓе над 15-годишна возраст кои се соочени со некаков ризик изнесува 36,5 милиони, или речиси 52% од населението.

Повеќе:

Трет корона-бран во Германија?

Меркел предупредува од корона-мутациите

Коронавирус: Зошто повеќе страдаат мажите и дебелите луѓе?

Експертите укажуваат дека постојат социо-економски и регионални разлики. Додека од луѓето со низок степен на образование во групата со висок ризик од тежок тек на болеста влегуваат 49,2%, кај групата со средно ниво на образование тоа се 21,9%, а во групата со висок степен на образование - 23,9%. Регионално погледнато, во покраините на истокот на земјата и покраината Сар живеат најмногу луѓе кои се соочени со зголемен ризик од тежок тек на болеста.

Како да се идентификуваат мутациите на коронавирусот?