Копенхаген е најснежното место во САД
10 јануари 2017Реклама
Во Копенхаген, во американската сојузна држава Њујорк, живеат околу 800 луѓе. Сите му се радуваат на снегот и веруваат дека Копенхаген и годинава ќе биде прогласен за најснежно место во државата.
Ешли Еванс од Северна Каролина во Копенхаген се доселила минатото лето и не знаела што да очекува:
„Никогаш немав видено наноси од снег. Сиот овој снег ме фасцинираше, како и фактот колку луѓето го сакаат. Тоа беше шокантно за мене. Мислев дека сите ќе се затворат внатре.“
Нејзиното семејство не може да замисли како се одвива животот на снег со височина од 122 сантиметри.
„Не ми веруваат. Им праќам слики и едноставно не ми веруваат“, вели таа со насмевка.