1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конгрес на Зелени

9 јули 2005

Германските зелени денеска во Берлин со минута молчење во знак на почит кон жртвите од атентатите во Лондон го почнаа партискиот конгрес на кој треба да биде донесена програмата за вонредни парламентарни избори. Штефи Лемке, ги повика своите сопартијци и делегати на конгресот: “Да се караме денеска и утре, а потоа да се бориме“. Во средиштето на програмата на зелените треба да стои борбата против невр

https://p.dw.com/p/Acmz
Јошка Фишер
Јошка ФишерФотографија: dpa

�ботеноста.

Програмата на конгресот на зелените сигурно нема да биде мината површно. На предлог текстот веќе има поднесено 650 барања за измени.

“Ние не инсценираме телевизиски конгрес, туку дебатираме долго, а потоа како партија ќе се вклучиме решително во изборната борба“, вели раководителот на партијата, Штефи Лемке.

Во средиште на изборната програма се економската политика и политиката на пазарот на работна сила. Зелените имаат намера да ги намалат приднесите на плата пред се за луѓето кои заработуваат малку. Исто како и СПД и тие бараат богатите да плаќаат повисок данок. Сеуште е спорно – дали треба да се зголеми изтовремено и еко-данокот и данокот на додадена вредност. Но, јасно е едно – треб ада се подобри законот Харц 4, кој го регулира спојувањето на помошта за невработени и социјалната помош.

“ Има предлози за измена на негативните аспекти на Харц 4, кои ние не ги сакавме, но моравме да ги прифатиме, така да се каже, зашто ги прифатија партиите на унијата. Само така Харц 4 според наше гледање може да стане прифатлив инструмент кој функционира.“

Зелените, кои на последните избори освоија 8,6% од гласовите се борат за себе и притоа се залагаат за своите две главни теми – екологијата и семејната политика. Главен противник им се Христијанско-демократската унија и либералите, но и зелените во никој случај не скаат ниту коалиција со Партијата за демократски социјализам и “Изборната алтернатива работа и социјална праведност“. Расположението во партијата е добро и борбено, се вели во партиското раководство, кое беше изненадено од плановите на канцеларот за нови избори, но сега не сака да биде повлечено надолу од ослабената СПД. Јошка Фишер, коментирајќи ги актуелните подобри позиции во анкетите на опозиционите партии, вели дека изборите се решаваат три недели пред гласањето. “Би бил како камила заталкана на јужниот пол кога сега би рекол – би сакал да бидам лидер на опозицијата“, вели Фишер.