Конгрес на европските зелени
21 февруари 2004Реклама
Европските зелени денеска во Рим го продолжуваат конгресот на кој се основа Европската партија на зелените. Примарна цел на Европската партија треба да биде заедничка кампања за евро-изборите на 13-ти јуни. Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер, во Рим, побара компромис околу планираниот Устав на ЕУ, зашто, како што рече, Европа само со заеднички устав ќе биде способна да дејствува на надворешно-политички план.
"Европа стана континент на мирот; цел и смисла на Европската партија на Зелените е да се здружат политичките, еколошките сили. Ова е првата партија која де факто се обидува да организира прекугранична европска предизборна кампања", рече во Рим германскиот министер за надворешни работи, Јошка Фишер. Според него, европскиот устав треба да биде донесен уште годинава, зашто само така Европа може да игра некаква улога во мировната политика. "Европа мора да биде во состојба да дејствува надврешно политчки, а тоа е можно само со устав. Светот не чека на Европа", потенцираше Фишер.
Во Рим се присутни претставници од 32 партии на Зелените. Основачката повелба треба да биде потпишана утре, а портпарол на преоднотопретседателство треба да биде европарламентарецот Даниел Кон Бендит.
На крајот од својата куса посета на Рим, шефот на германската дипломатија се сретна со неговиот колега од Италија, Франко Фратини, кој исто така нагласи дека и Италија сака донесување на европскиот устав уште годинава. Двајцата политичари наравија напор пред новинарите да ги покријат најновите конфликти околу тројниот германско-француско-британски самит во Берлин. Фишер рече дека нема причина за загриженост и дека решенијата на веропско ниво и натаму ќе се донесуваат заеднички од страна на сите држави членки.
Реклама