1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Компликации кај Чавез по извршената операција

ЖА/дв/ртре/миа31 декември 2012

Здравствената состојба на претседателот на Венецуела Хуго Чавез е влошена, изјави неговиот заменик Николас Мадуро синоќа (30.12) во телевизиско обраќање од Куба.

https://p.dw.com/p/17BUC
Фотографија: Getty Images

Вицепретседателот Николас Мадуро не даде детали за какви компликации станува збор. Според него, тие биле поврзани со инфекција на дишните патишта. Мадуро, во говор за телевизијата од Куба, кажа дека состојбата на Чавез е и натаму „деликатна“.

„Пред неколку минути бевме кај претседателот Чавез. Се поздравивме и самиот тој ги спомена овие компликации“, изјави Мадуро, а до него беа најголемата ќерка на Чавез - Роса и неговата сопруга Хорхе Ареаса, како и генералниот обвинител Силија Флорес.

Изјавата на вицепретседателот треба да најави дека здравјето на Чавез серизоно се влошува.

Венецуелскиот лидер јавно не се појавил, ниту давал изјава, откако на 11 декември ја имаше четвртата операција од рак, и според владини претставници тој може да не се врати на време во земјата до 10 јануари, за кога е закажана церемонијата на стапување на должноста за новиот шестгодишен мандат кој го освои по изборите во октомври.

„Претседателот ни даде точни насоки, откако ќе ја завршиме посетата, на народот на Венецуела да му кажеме каква е неговата здравствена состојба во моментов“, изјави Мадуро.

Доколку Чавез не може да се врати на извршување на обврските, ќе треба да бидат распишани нови избори.