Колку навистина се заработува во Германија?
4 јули 2017Реклама
Постојат многу митови, но често реалноста е поинаква. Платите во Германија се неколкупати повисоки од оние во Македонија, но можеби ќе Ве изненади колку се заработува во одделни бранши. На пример, градежните инженери заработуваат околу 3.000 евра месечно, исто толку и архитектите, а лекарите и информатичарите нешто повеќе. Без оглед на повисоките трошоци за живот, сепак вработените од Балкан се главно задоволни.