1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

СН/дв
2 февруари 2021

Финска веќе неколку месеци во откривањето на инфицирани од коронавирусот се потпира на способносите на кучињата- душкачи. Во прв ред на аеродромот во Хелсинки специјално обучените четириножци успешно ги идентификуваат заразените патници.

https://p.dw.com/p/3oEhq

На аеродромот во Хелсинки, кучиња- душкачи откриваат дали патниците се заразени со коронавирусот. Точноста е речиси 100 проценти.

Финска сега сака да ја прошири употребата на животни. Бидејќи тоа е поевтино, побрзо и помалку болно од употребата на ПЦР-тестовите со  медицински стапчиња.

Ковид-19: Помош од најверниот човеков пријател

Повеќе:

-Кучињата брзо го откриваат коронавирусот- зошто не се користат?

-Германија тренира кучиња за откривање на коронавирусот

-Кинеската традиција на јадење диви животни и коронавирусот

По слетувањето на аеродромот патниците треба да ја протријат кожата со крпичка. Примерокот потоа му се дава на кучето да го душка во посебна просторија.

Финските кучиња- откривачи на коронавирусот претходно беа обучени да препознаваат болести како ракот.