1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога пицата ви ја носи ирвас

ЕМФ /агенции
28 ноември 2016

Во јапонскиот снежен регион Хокаидо за разнесување пица се тренираат ирваси!

https://p.dw.com/p/2TNty
Rentiere Weihnachten
Фотографија: JONATHAN NACKSTRAND/AFP/Getty Images

Разнесувањето пица со помош на ирваси би ја олеснило испораката во Хокаидо поради снегот и мразот во регионот. Ирвасите се дресираат да го носат товарот на грб, или да влечат санки со пици.

„Ирвасот може да развие брзина од 80 километри на час“, вели еден од дресерите.

Ирвасите се многу отпорни на студ и силни, но сепак тежината која треба да ја носат мора да биде ограничена, за да не се преоптоварат. Животните ќе носат апарат за навигација, за муштериите да можат да ја следат нивната локација.

Конечната одлука дали ирвасите ќе бидат пица-разнесувачи сѐ уште не е донесена.

Ирвас како доставувач на пици