Здравје
Ковид-19: „Сините ангели“ над Њујорк
Реклама
САД се најтешко погодена земја од пандемијата на коронавирусот. Бројот на починати од последиците на Ковид-19 се искачи на речиси 80 илјади. Сепак, САД во изминатите 24 часа пријавија 776 починати лица од коронавирус, што е најмал број од март. .
Веќе неколку недели, бројот на жртвите дневно изнесуваше меѓу 1.000 и 2.500 . Бројот на досега регистрирани инфицирани од коронавирусот изнесува 1.329.072.
Експертите меѓутоа сметаат дека тој број би можел да биде поголем, поради недоволното тестирање.