1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19: И покрај затворените училишта, сиромашната Танзанија има одлична образовна алтернатива

СН/дв
3 април 2020

„Смартклас“ е платформа за едукација преку интернет, која ги поврзува учителите со учениците во африканската држава Танзанија. Системот е создаден во јануари 2019 година и значително помага за учењето за време на пандемијата на коронавирус.

https://p.dw.com/p/3aBUb

Годвин Јуниор е дома поради пандемијата на коронавирус. Танзаниската влада ги затвори училиштата и универзитетите повеќе од еден месец. Но, тој продолжува со учење на интернет со помош на „Смартклас“.

Тоа е платформа за образование на интернет што поврзува 5000 тутори со учениците. Иноваторот Адам Дума го создаде системот во јануари 2019 година, како како онлајн алтернатива за учениците, чија важност сега добива во значење додека трае изолацијата поради пандемијата на коронавирусот. 

Повеќе:

-Фотографија на денот: Рози во изобилство, за жал

-Коронавирусот стигна во Африка

-Се повеќе докази дека и здрави луѓе го пренесуваат коронавирусот

Инаку досега на африканскиот континент се регистрирани преку 7000 заразени од новиот коронавирус а се очекува бројките значително да пораснат во наредните недели.

Африканскиот центар за контрола и превенција на заразни болести соопшти дека повеќе од половина од вкупно 54 земји во Африка ги затвориле копнените и поморските граници, го запреле авионскиот сообраќај и вовеле мерки за изолација за да го спречат натамошното ширење на болеста.