Клинтон: Глигоров беше патриот и вистински државник
3 јануари 2012Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон во писмената изјава на сочувство за смртта на Киро Глигоров истакнува дека тој бил вистински патриот и државник, кој придонесол за мирно осамостојување на земјата пред 20 години.
„Длабоко бев растажена кога дознав за смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија. Тој беше патриот и вистински државник. Неговата посветеност на независноста на Македонија доведе до мирна транзиција во 1990-1991, а неговото стабилно лидерство пружаше инспирација додека Македонија минуваше огромни тешкотии. Претседателот Глигоров беше пријател на Соединетите држави и лидер кој имаше визија за неговата земја, која сe‘ уште служи како пример за Македонија и за регионот. Моите мисли и молитви се со неговото семејство и граѓаните на Македонија", се вели во писмената изјава на американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон.
Автор:СН/ ЕМФ/ макфакс
Редактор: Александра Трајковска