Класичните автомобили кои го одбележаа 20. век
Овие автомобили го одбележаа минатото, но не само што и натаму остануваат во сеќавање, туку се користат и како модели за натамошен развој на индустријата.
Форд Модел T (1908)
Хенри Форд не само што го револуционизираше транспортот со неговиот Форд T Модел, туку неговиот гениј остави длабок печат врз индустриското производство. Моделот Т го означи почетокот на модерната ера на производство на индустриска лента.
Ролс Ројс Фантом (1925)
Во времето кога „Златната ера“ беше во полн замав, Ролс Ројс го лансираше својот луксузен модел, Фантом кој се уште се користи како модел за модерните возила. Интериерот на возилото беше изработуван согласно желбата на идниот сопственик. Богатите Индијци имаа многу специфични идеи за дизајн, па тие возила денес вредат милиони.
Алфа Ромео 8C (1938)
Семејно возило кое се користеше и за трки- за таков автомобил важеше Алфа Ромео 8C, етаблирајќи го италијанскиот бренд како симбол за брзи и секси возила. Во 1930-те, овој модел се издвојуваше од конкуренцијата поради моторот со 8 цилиндри. Производството во првите години беше многу лимитирано, па возилото стана сон на секој колекционер.
Мерцедес Бенц 300SL (1957)
Мерцедес 300SL беше замислен како улично тркачко возило, а неговиот симбол беа специфичните врати. Тоа беше и првиот автомобил со мотор со директно вбризгување на гориво. Беа произведени само 29 вакви модели со алуминиумска каросерија.
Кадилак Елдорадо (1959)
Автомобилот го достигна врвот на својата популарност во 1950-те и 60-те години, а оттогаш, иако доживеа и десетта генерација во 2002 година, неговата популарност е во постојано опаѓање. Оригиналниот Елдорадо сепак остана икона на дизајнот.
Јагуар „E-Type“ (1961)
Оставете ги Британците да измислат безвременски дизајн, прекрасни детаљи и извонредни перформанси во автомобилизмот. Овој Јагуар ја карактеризираше промената на стилот во 1960-те години и беше прогласен за еден од „100-те најубави автомобили во светот“ од Дејли Телеграф. Енцо Ферари го нарече „најубавиот автомобил воопшто произведен“.
Астон Мартин „DB5“ (1964)
Името му е Мартин, Астон Мартин. Исто како и мартинито и тој му припаѓа на заводничкиот арсенал на Џејмс Бонд. Едвај 1.000 модели беа произведени, а DB5 ја имаше својата главна улога "Голдфингер“ во 1964 година.
Форд Шелби „GT 350“ Мустанг (1965)
Авантуристичкиот дизајн на Форд и натаму се обожува ширум светот. Оригиналното име го доби по дизајнерот Керол Шелби. Низ годините драматично растеше неговата хауба, воглавно за да го смести сѐ поголемиот и посилен мотор.
Шевролет Камаро „RS/SS“ (1969)
Како директен конкурент на Форд Мустанг, Шевролет го претстави Камаро во 1967 година. Одржувајќи ја традицијата за именување на своите модели со имиња кои започнуваат со „Ц“, првично планираното име „Пантер“ беше отфрлено само неколку дена пред официјалната промоција.
„MG MGB Roadster“
Ова е веројатно „најсовремениот“ од сите класични Олдтајмери. Не морате да одите на саем на Олдтајмери за да ја видите оваа убавина.