1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кираџиите можат да бидат избркани ако пушат!

ЖА/дв/дпа/афп31 јули 2013

Животот на пушачите во Германија станува се‘ потежок - во процесот што се водеше околу раскинот на договорот што го доби еден потстанар-пушач, судот во Диселдорф донесе одлука во полза на сопственичката на станот.

https://p.dw.com/p/19HjK
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот најпознат пушач-кираџија го загуби судскиот процес. Судот во Диселдорф денеска (31.07) ја соопшти пресудата во процесот против Фридхелм Адолфс (на фотографијата) и и‘ даде право на сопственичката на станот. Доколку еден потстанар им пречи на останатите, односно на соседите, со својата навика да пуши, тогаш дозволено е да му се раскине потстанарскиот договор. Судската одлука се‘ уште не е правосилна. Пензионерот стана симболична фигура за пушачите и со својот случај иницираше дискусии низ целата земја.

Пензионерот се бранеше против тужбата на својот станодавец. Газдарицата му го раскина договорот поради тоа што тој е пушач. Станарите на повеќекатницата, во која живее тој, се чувствувале оптоварени од силната пушачка страст на Адолфс. 75-годишниот пензионер-потстанар бил потстанар во станот веќе 40 години.

Еден потстанар смее да пуши во станот во основа се‘ додека останатите станари не се жалаат на чадот, смета судот. Ако оваа пресуда биде потврдена, на неа можат да се повикуваат и други станодавачи и соседи кои се чувствуваат оптоварени од неиздржливи миризби во заедничките простории и ходниците.

Пензионерот изрази несогласување со пресудата. Само еден сосед се пожалил на миризбата, а тој живее на петтиот кат. Како до него можела да стигне миризбата, за Адолфс, кој живее на приземјето, е несфатливо. Тој претпоставува дека има друга заднина зад неотповикливиот прекин на договорот.

„Мојот стан треба да биде некое биро“, претпоставува пензионерот. Многумина пушачи во Германија се чувствуваат се‘ поизолирани, со оглед и на воведените непушачки зони во гастрономијата. Пушачите покренаа акција за поддршка на Адолфс, за да ги платат неговите судски трошоци.