1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинеското население се намалило за првпат по 7 децении

СН/ агенции
4 јануари 2019

Бројот на жители во Кина, земјата со најмногубројно население во светот, во минатата година забележал пад, за првпат во најмалку 70 години, оценуваат експерти.

https://p.dw.com/p/3B25c
China Radfahrer in Peking
Фотографија: Imago/Sven Simon

Официјалните податоци ќе бидат познати во текот на јануари, меѓутоа веќе сега стучњакот за демографија Ју Фусијан, кој работи во САД на универзитетот Висконсин Медисон, оценува дека бројот на жители на Кина во минатата година опаднал за 1,27 милиони луѓе, и покрај тоа што Кина престана да ја применува политиката на едно дете по семејство.

Тоа е капка во однос на вкупниот број од 1,39 милијарди жители, па сепак ова е прв пад на населението во историјата на Народна Република Кина, основана во 1949 година.

По политиката на поттикнување на раѓањето деца на основачот на комунистичка Кина, Мао Цетунг, земјата на крајот на 70-те години од минатиот век премина на политиката на едно дете, која често е критикувана поради нејзината бруталност.

China Bundespräsident Steinmeier in Beijing
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Xin

Меѓутоа, соочен со стареењето на населението, официјален Пекинг од 2016 година им дозволи на сите семејства да имаат по две деца. Сепак, поради издатоците за образование, здравство и домување, брачните двојки се задржуваат на едно дете, па дури и остануваат без деца.

Како резултат на тоа, бројот на новороденчиња во минатата година паднал за 2,5 милиона, оцени Ји Фусијан, додека пак официјален Пекинг сметаше на раст од 790 илјади новородени деца.

Истовремено бројот на починати пораснал на 11,58 милиони, оцени овој истражувач, кој своите податоци ги заснова на локалната статистика.