1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Киев со ветување до проруските демонстранти

ЕМФ/афп/ртр10 април 2014

Украинската влада им вети на проруските демонстранти дека нема да ги затвора доколку се повлечат од заземените објекти во источна Украина.

https://p.dw.com/p/1Betg
Фотографија: Alexander Khudoteply/AFP/Getty Images

„Ако го положите оружјето и ги напуштите управните згради, ви гарантираме дека нема да отвораме кривични постапки против вас“, изјави украинскиот преоден претседател Олександер Турчинов денеска (10.04) во парламентот во Киев. Тој рече дека е подготвен да стави потпис под ваков декрет.

Проруските активисти имаат окупирано управни згради во Доњецк и Луганск. Во Луганск тие се забарикадирани во седиштето на тајната служба СБУ. Во текот на вчерашниот ден, според официјални наводи, биле ослободени речиси сите заложници кои беа држени во објектот. Сепак, проруските демонстранти не потклекнаа пред заканата на Министерството за внатрешни работи дека насилно ќе го расчисти комплексот.

Во меѓувреме, рускиот вицепремиер Игор Шувалов ги критикуваше санкциите на Западот против Русија како бесмислени и ја нагласи руската волја за партнерство. „Колку поостри санкции се воведуваат, толку поцврст ќе биде ставот на руското општество“, рече Шувалов денеска на една економска конференција во Берлин. Заканите, како што рече Шувалов, нема да го натераат Путин, ниту пак другите, да заземат став кој го посакуваат САД, Германија и другите западни партнери.