1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нови рестрикции: Кафеаните ќе работат до 21 часот

ДТЗ /ДВ
2 ноември 2020

Ваквата мерка ја предлага Комисијата за заразни болести, а утре се очекува да се најде на влада. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека е можно да се забрани одржување на културни настани во затворен простор

https://p.dw.com/p/3klpu
Coronavirus in Nord Mazedonien, Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Кафулињата, кафеаните, рестораните и сите други угостителски објекти ќе работат до 21 часот наместо како досега до 23 часот. Ваквата мерка ја предлага Комисијата за заразни болести, а истата денеска била разгледана и одобрена и од владиниот кризен штаб. Предлогот уште утре треба да се најде на владина седница.

Надлежните ги заоструваат мерките поради зголемениот број на заразени и починати од Ковид -19. Во петокот имаше рекорд од над 1.000 заразени, а се очекува бројките да растат и во наредните денови.

Синоќа во телевизиска емисија министерот Венко Филипче, покрај мерката угостителските објекти порано да затвораат, ја најави и можноста да побараат од Владата да се забрани одржување на културни настани во затворен простор. Претходно Владата донесе пакет ковид-мерки, кои беа усвоени и од парламентот, со кои носењето маска стана задолжително и на отворено, градскиот и јавен превоз работат само со 50% од капацитетите и најмногу четири лица е дозволено да седат на иста маса во кафеаните.

Брзи тестови

Во Министерството за здравство пристигнаа 3.000 од вкупно 13.000 брзи тестови за ковид кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен коронавирусот што предизвикува ковид – 19. Останатиот дел од тестовите кои се донација ќе пристигне до среда, соопштија од Министерството за здравство. Тестовите се бесплатни за сите граѓани.

Тие ќе бидат распоредени низ 13 – те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата „8 Септември“, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат за утврдување на сомнителните пациенти дали се позитивни на коронавирус. Донацијата е од ГД „Гранит“ и Нафтената компанија „Галф оил Македонија“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи