1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Катар ветува подобрени работни услови за странците

Луиз Осборн/ Ж. Ацеска 6 мај 2015

Мнозинството странски работници кои работат на објектите во Катар за Светското фудбалско првенство во 2022 година, живеат и работат во нечовечки услови. Земјата најавува подобрување на работните услови за работниците.

https://p.dw.com/p/1FKrj
Фотографија: S. Dalal/Amnesty International

Во мала просторија живеат осуммина мажи. Оддалечени само неколку километри од богатството на Катар, каде ја пробааат среќата како градежни работници пред Мундијалот. Но, тие се разочарани, исто како и Хасан Ламте, кој сакал да заработи пари за семејството.

„Кога дојдов овде, се‘ беше поинаку од она што го очекував. Агентот ме излага. Очекував нешто друго, но агентот ме измами. Постојано ме лажеше. Пo доаѓањето, видов дека се‘ е поинаку од она што ми беше ветено.“

Строгите услови за виза се натамошен проблем. Кога работниците веќе ќе стигнат во земјата, не смеат да ја напуштат без дозвола на работодавачот, истакнува Минки Ворден од Хјуман рајтс воч:

„Визниот систем ги прави зависници од нивните работодавачи. А ако равотодавачите тоа го искористуваат, работниците немаат никаква шанса.“

Владата го призна проблемот. Таа вети реформана визните закони. Освен тоа, планира подобрување на животните услови за работниците.

Министерот за труд и социјала Абдулах Салех Мубарак ал-Кулаифи изјави:

„Моментно ја поправаме нашата грешка- поради големиот прилив работници од странство направивме пропусти нив правовремено соодветно да ги сместиме.“

Работниците во Катар може само да се надеваат дека промените ќе се случат набргу.

Катар сака да го „пегла“ имиџот