Каталонија ќе држи седница за отцепување и покрај забраната
6 октомври 2017„Парламентот ќе дискутира. Парламентот ќе има седница. Ќе има дебата и тоа е важно“, изјави претставникот на каталонската регионална влада задолжен за надворешна политика, Раул Ромева за Би-Би-Си.
Вчера шпанскиот Уставен суд ја забрани седницата на регионалниот каталонски парламент, поради тоа што прогласување независност на Каталонија би значелопрекршување на Уставот. Судиите претходно го прогласија за нелегален референдумот во Каталонија, одржан во неделата.
Сабадел ја напушта Каталонија
Во меѓувреме, несигурноста за иднината на Каталонија се одрази врз банкарскиот сектор. Шпанската банка Сабадел ја напушта Каталонија и своето седиште ќе го пресели во Аликанте, јави шпанската телевизија повикувајќи се на одлука на директориумот на банката. Сабадел важи за една од најголемите шпански банки и има голема економска тежина во Каталонија. Акциите на Сабадел во средата паднаа за 5,7%, поради загриженоста на инвеститорите за иднината на Каталонија.
Според информации на агенцијата Ројтерс, шпанската централна влада планира да донесе декрат со кој би се олеснило отселувањето на фирмите од регионот. Според Ројтерс, декретот е кроен според потребите на најголемата банка во Каталонија, Кашабанк, која денеска на седница треба да дискутира за можна преселба.
Прва поголема фирма која најави преселба на своето седиште беше биофармцевтската компанија Оризон. Таа пред два дена соопшти дека од Барселона се сели во Мадрид.