1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каталонскиот суспендиран развод

ЖА
11 октомври 2017

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон најави преземање на мандатот за Каталонија да стане независна држава, но го суспендира прогласувањето независност на неколку недели во очекување на дијалог со шпанската централна власт

https://p.dw.com/p/2lcIs
Spanien Parlament in Barcelona Carles Puigdemont
Фотографија: Getty Images/D. Ramos

„Во овој историски момент, како прв човек на Каталонија сакам да ја следам желбата на народот за Каталонија да стане независна држава. Гласачките ливчиња велат 'да за независноста' и тоа е она со што сакам да одам напред“, изјави Пуџдемон. Во говорот во регионалниот парламент тој го осуди „радикалното одбивање“ на централната власт во Мадрид да преговара околу референдумот за независнот на Каталонија.

„Се наоѓаме во исклучителен момент кој има историски димензии“, изјави Пуџдемон синоќа на почетокот на говорот, додавајќи дека е неопходно намалување на тензиите.

Непосредно пред говорот на Пуџдемон, шпанскиот премиер Маријано Рахој навести дека ќе се повика на членот 155 од Уставот, кој на централната влада ѝ овозможува да преземе контрола над автономниот регион доколку тој „не ги исполнува обврските кои произлегуваат од Уставот и останатите закони, и дека делува во спротивност со интересите на Шпанија“.

Според каталонската опозиција во регионалниот парламент, изјавата на претседателот на оваа шпанска област, Карлес Пуџдемон, дека има мандат за прогласување на независност на Каталонија, претставува „државен удар“ и нема поддршка од Европа. Инес Аримадас од партијата „Граѓани“ изјави дека мнозинството Каталонци, Шпанци и Европејци и граѓани нема да дозволат каталонската власт да им „ги скрши срцата“.

Карлес Пуџдемон ја потпиша декларацијата за независност на Каталонија, но тој и останатите лидери истакнаа дека таа нема да биде спроведена во наредните седмици, за да се остави простор за преговори со Мадрид. Документот содржи повик Каталонија да биде призната како „независна и суверена држава.“