1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каталонија - што економски би значела независноста?

Оливер Нојројт
28 септември 2017

Доколку Каталонија стане независна, тоа би можело да предизвика економски проблеми - на Шпанците, но и на Каталонците. Затоа многумина претприемачи од Каталонија се изјаснуваат против независноста.

https://p.dw.com/p/2krMx
Barcelona, Katalanen demonstrieren für Referendum und Unabhängigkeit
Фотографија: DW/Mariel Müller

Каталонија споредбено е богат регион во Шпанија. Учествува со една петина во брутодомашниот производ на земјата. Многу меѓународни концерни имаат свои седишта околу Барселона.

Жоан Канадел ја има веројатно најпозната бензинска пумпа во Каталонија. Се наоѓа на околу еден час северно од Барселона. Уште од далеку се забележува по големата Естелада, каталонското знаме на независноста, кое е испечатено до логото на фирмата и по огромниот плакат "ДА" поставен на покривот. Тоа е "да" за референдумот на први октомври за независност. Хуан се бори за независноста на Каталонија и во тоа гледа економска предност.

„Самостојна Каталонија би била економски силна колку и Австрија, Данска или Норвешка. Тоа се мали земји со релативно високи приходи по глава на жител. Нашиот БДП е исто така висок. Сигурен сум дека со каталонска влада, која ќе ја поддржува домашната индустрија, како и каталонската надворешна трговија и туризмот многу подобро би живееле од сега со владата во Мадрид, која главно ја поддржува тамошната индустрија и сака да направи 'голем Мадрид'", истакнува Канадел.

Karte Katalonien ENG

Економските проблеми

Тој е меѓу малкумина бизнисмени кои отворено се залагаат за независноста на Каталонија. Многу други страхуваат дека независноста би можела да има пред се негативни последици за економијата - пре се за интернационалните концерни кои имаат седишта во Каталонија, но и за локални фирми кои прават зделки со странство. Хозе Бу има ланец пекари во Барселона и е претседател на Каталонското здружение на бизнисмени. Тој има црно сценарио во глава: „Ако Каталонија на втори октомври, ден по референдумот, прогласи независност економијата во регионот ќе доживее тотален колапс. Ако Каталонија ја напушти Шпанија, ја напушта и Европа и ќе загуби многу предности и обврските со остатокот од Европа да тргува некомплицирано. Тоа важи и за трансферот на пари и лица. Затоа независноста за нас би била страшна.", вели Бу

Би се вратиле царините, увозот и извозот со тоа би поскапеле што каталонските бизниси во споредба со странските фирми би ги направило помалку конкурентни. Хозе Бу согледува и други проблеми: „Фирми кои имаат трговски договори со партнери во Европа, на пр. за одржување на машини и алатисе соочуваат со следниот проблем: кога ќе се променат правните и останатите околности во Каталонија автоматски се анулираат и овие договори."

Како во ЕУ?

Шпанската влада смета дека економијата во Каталонија би паднала за 25-30 проценти и оти невработеноста би била двојно повисока. За повторно да стане член на ЕУ, Каталонија би морала да го отпочне патот на пристапување кој може да биде долг и мачен бидејќи би можела да стане член само ако сите останати членки се согласат, а тука пред сѐ Шпанија би можела да го искористи своето вето.

Spanien Barcelona Demonstration Katalonien
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/E. Morenatti

Но, поддржувачите на независноста како Жоан се убедени дека ЕУ би ја примила Каталонија без поголеми проблеми - токму заради економската моќ. За таа да биде веќе сега што е можно поголема Жоан прави се во рамки на неговите можности.

„Ние нашите даноци ги плаќаме во Барселона, а не во Мадрид. Тоа не е илегално. Не е класичниот начин, но не е ни забрането. Дел од нашите приходи ги донираме на проекти кои го унапредуваат процесот на независност."

Тоа се 70 илјади евра од изминатите три години. Жоан на пр.има донирано пари за документарен филм за независноста; тој поддржува и каталонски градоначалник кој морал да плати парична казна зашто на неговото седиште ја закачил Естеладата, а не шпанското знаме. Проблем од минатото, доколку Каталонија навистина стане независна република.