1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карпата на сопнување

Мартин Муно
24 ноември 2018

Дали договорот за Брегзит може да пропадне поради малиот Гибралтар? Грижите на Мадрид се оправдани, но сето заедно е гротеска која ја покажува лудоста на Брегзит, коментира Мартин Муно.

https://p.dw.com/p/38qZq
Gibraltar Flughafen
Фотографија: Getty Images/P. Blazquez Dominguez

Најновата рунда на кавги се врти околу карпестиот полуостров со површина од 6 квадратни километри на самиот југ на Шпанија, место каде што живеат околу 30.000 луѓе и 200 мајмуни. Од 1704 година ова парче земја и карпи и' припаѓа на Велика Британија. Но, Шпанија и денес го доведува во прашање правото на Лондон на Гибралтар.

„Мојата влада секогаш ќе ги брани интересите на Шпанија. Ако нема промени, ќе вложиме вето против Брегзит“, напиша во четвртокот на Твитер шпанскиот премиер Педро Санчез.

Разбирливо е дека Санчез нема недоумици. Бидејќи, ако границата на двете Ирски, која е една од пресвртните точки на триење во преговорите, договорено е конечно да се реши дури во 2020 година, а засега се' да остане по старо, зошто тогаш Мадрид би прифатил дека Гибралтар ниту со еден збор не се споменува? Тврдата граница меѓу Шпанија и овој полусотров би имала непредвидени последици за 10.000 Шпанци кои работат таму.

Затворени граници?

Сепак, гротескно е расправата околу една карпа да го потопи комплетниот обид разводот меѓу ЕУ и Велика Британија да се одвива макар и делумно разумно. И шпанскиот шеф на Владата би морал да знае дека неуредениот Брегзит би имал несогледливи последици за Гибралтар.

Повеќе:

-Уште еден чекор поблиску до договор за Брегзит

-„Дрим тим“ - борба за втор референдум за Брегзит

-Што стои во предлог-договорот за Брегзит?

Замисливо е границата меѓу Шпанија и Гибралтар да биде макар привремено затворена, како што беше случај меѓу 1969 и 1985 година. Не бараа бадијала гласачите од Гибралтар на референдумот за Брезит, 96 насто, останување во ЕУ.

Kommentarbild Muno Martin

Ако конфликтот околу излезот на Обединетото Кралство од ЕУ сега биде фокусиран на Гибратлар, тоа уште еднаш ќе покаже колку анахрон е статусот на овој полуостров. Велика Британија од 2002 година го води Гибралтар како „прекуморска област“- како Бермудските или Фокландските острови. Со тоа Лондон сака да го избегне навредливиот поим „колонија“.

Но, Гибралтар не е ништо друго туку колонија. Додуша, колонија која во висок процент ја прифаќаат и нејзините жители- на два референдума статусот на Гибралтар граѓаните со 100 отсто го поддржаа останувањето во рамки на Велика Британија.

Шпанија сепак не би требало гласно да приговара поради британската колонизација додека на територијата на Африка и натаму држи две есклави и инсистира на тоа.

Мајмунисувањето околу полуостровчето населено со мајмуни докажува пред се' дека Брегзит е лудост, колку некој и да тврди дека биркратски ќе го скроти. А, не е само уште јасно ни како ќе го скроти. Бидејќи, договорот за Брегзит кој во недела треба да го потврдат шефовите на држави и влади од ЕУ, всушност многу проблеми само турка под тепих. Целосно е неизвесно дали британскиот парламент ќе аминува таква хартија.

Во воздухот мириса на најлошо сценарио- Брегзит без никаков договор. Тоа може му одговара на еден поранешен британски шеф на дипломатијата како што е Борис Џонсон- неговата пензија е толку голема што не мора да се грижи. Но, последиците за луѓето во пограничните подрачја би можеле да бидат погубни.