Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха
Карикатуристи од целиот свет реагираат на победата на Трамп
Сексуален напад
Карикатурата на хамбуршкиот уметник Ленарт Гебел го обиколи светот за кратко време. Една агенција од Лос Анџелес поажа интерес за печатење на неговото дело на маици. Уметникот е среќен поради успехот и е сигурен дека и во иднина Трамп „ќе си дозволи“ одредени работи кои ќе послужат како мотив за него и останатите колеги од целиот свет.
Фризура број еден
Косата на следниот претседател на САД беше инспирација за многу шеги. Пред неколку месеци во јавноста излезе видео на кое е прикажана „фармата на Трамп“ за перики. Всушност, стануваше збор за поле со сено во Норвешка. Косата на Трамп исто така добро стои и на кокпитот на претседателскиот авион.
Африканска перспектива
„Имајќи ја предвид омразата на Доналд Трамп кон црнците ќе ја напуштиме земјата. Тој може да прави што сака со неа“ вели оваа карикатура од Абдулкарим Баба Амину, познат културен критичар, новинар и илустратор од Нигерија.
Дамата Слобода чука на вратата на Канада
Во паника и со загрижен поглед во очите, „Дамата Слобода“ чука на вратата на соседот - Канада. Карикатуристот Угрек ја црташе симбиличната фигура во многу различни анти Трамп карикатури.
Без религиски бариери
Карикатуристот Гадо е еден од најпознатите илустратори во Африка. Тој во својата карикатура се осврнува на едно од ветувањата на Трамп во предизборната кампања кое гласеше: „Ветувам дека ќе го зачувам христијанството“. На карикатурата е прикажано како тој распнува муслиман на крст.
Секој може да биде претседател
Белгискиот артист Лектр креираше многу различни карикатури за Трамп. Оваа покажува дека за 8 години, идејата дека „Секој може да биде претседател“ се смени од оптимистичка мисла во причина за очај кај многумина.
Агресивни графити
Погрдно претставување на Трамп веќе може да се забележи во Барселона. Шпанија, исто така, беше шокирана од неочекувааниот успех на републиканскиот кандидат „Невидената популарност и избирањето на њујоршкиот магнат ја остави половина планета без зборови“, напиша колумнист за шпанскиот весник Еј Пај.
Куп од измет
Куп од измет околу кој кружат муви. На овој начин уличниот уметник Хенски го доживеа претседателскиот кандидат Донaлд Трамп уште пред да биде номиниран од републиканците. „Портретот“ од август 2015 година беше исцртан на ѕид од еден познат трговски центар во Њујорк.