1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карзаи: Американската војна не е во интерес на Авганистан

СН/ат/ртр/миа/дпа3 март 2014

Војната во Авганистан не е водена за интересите на земјата. Авганистанци гинат во војна, која не е наша, изјави претседателот Хамид Карзаи во интервју за „Вашингтон пост“.

https://p.dw.com/p/1BIkt
Фотографија: picture-alliance/dpa

Десет месеци пре крајот на воениот ангажман на силите на НАТО во Авганистан, претседателот на оваа земја Хамид Карзаи повторно остро ја критикуваше администрацијата на САД. Воениот ангажман во неговата земја не се води од интересите на Авганистанците, туку единствено од безбедносни и други интереси на САД и Западот, изјави Карзаи во интервју за американскиот весник „Вашингтон пост“.

Карзаи досега се спротиставува да потпише договор со САД околу стационирањето на американски трупи во САД по крајот на годинава. Како услови за неговиот потпис, Карзаи ги поставува почеток на мировни преговори со талибанците и запирање на рациите во домовите на Авганистанците од страна на американските и силите на НАТО. Белата куќа минатата недела соопшти дека ја остава отворена можноста да се слкучи договорот во текот на годината, ама како реакција на тврдокорниот став на Карзаи, американскиот претседател Барак Обама побара од Министерството за одбрана да изготви план за целосно повлекување уште во оваа година на сите воени трупи на САД од Авганистан.

„Добро е договорот да го потпишат со мојот наследник“, истакна Карзаи за „Вашингтон пост“. Тој наведе дека е длабоко загрижен поради жртвите во војната, вклучитечно и на тие кои загинале во операциите на САД.

Во моментов на ангажман во Авганистан се околу 52 илјади војници на НАТО, од кои повеќе од 33.600 се Американци.