Канцеларот Курц во теснец
27 мај 2019Австриската екстремно десничарска Слободарска партија (ФПО) ќе се придружи на гласовите на левицата и во парламентот денеска ќе гласа за недоверба на владата на кацеларот Себастијан Курц, изјави лидерот на ФПО Норберт Хофер.
„ФПО ќе гласа за недоверба на владата“, изјави Хофер по состанокот на партијата во Виена. Социјалдемократската партија соопшти синоќа дека ќе гласа против владата.
Повеќе:
-Себастијан Курц и трите мајмуни
-Љубовта на австриските десничари кон Кремљ
-Австрија - видео со драматични последици
Овие две партии така ќе остварат мнозинство во парламентот што ќе доведе до промена на владата, за првпат во австриската политичка историја.
Владејачката коалиција на Австрија се распадна пред една недела по објавувањето на компромитирачката видео снимка за ФПО. Се претпоставува дека во септември ќе се одржат предвремени парламентарни избори.