1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како да се препознае исламист?

Андреа Грунау/сн3 септември 2016

Со измена на воениот закон во иднина екстремистите подготвени на насилство нема да бидат примани или ќе бидат отпуштени од Бундесверот, а и подобро ќе бидат држени настрана од оружје.

https://p.dw.com/p/1Juge
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer

Даниел Б. беше припадник на Бундесверот по договор и беше на служба во една воздушна база во германската сојузна покраина Северна Рајна Вествалија. „47 месеци 'верно служел' и за тоа време не направил казнено дело“, изјави неговиот адвокат пред судот. Тој го застапува Даниел Б. во тужба против Бундесверот кој го отпуштил во 2014. година. Имено, нему му се префрла дека Куранот го ставил над Уставот и оти бил воодушевен од џихадот.

Воената контраразузнавачка служба (МАД) започна истрага против Даниел Б. чиј татко е Германец, а мајката Холанѓанка. Даниел Б. е карактеризиран како радикален салафист. Неговата жалба против отпуштањето од Бундесверот пропадна. Судиите истакнаа оти „оној кој не е верен на Уставот, смее да биде отпуштен од војска.“

Даниел Б. е еден од 24 војници кои МАД од 2007. година до денес ги препозна како исламисти. 19 од нив се отпуштени, а петмина ќе бидат во Бундесверот до крајот на договорот. Сомнежот дека ѝ припаѓаат на исламистичката сцена ќе биде проверена во уште 64 случаи, потврди портпарплот на МАД. Истовремено се води истрага за 268 припадници на Бундесверот за кои се смета дека се десни екстремисти и против 6 војници, кои се осомничени дека се леви екстремисти.

Köln Amt für den Militärischen Abschirmdienst MAD
Седиштето на МАД во КелнФотографија: Imago/Future Image/C. Hardt

На МАД му е дозволена проверка само кај активни војници

Воената контраразузнавачка служба е задолжена само за припадници на Бундесверот. Како е можно да се спречи екстремистите воопшто да станат членови на Бундесверот во кој се обучуваат за ракување со оружје? Германската влада започна измена на законот за Бундесверот, така што МАД од 27. јули избраните кандидати ги проверува уште пред да влезат во редовите на Бундесверот. Се работи за околу 20.000 лица кои се вработуваат годишно, се наведува во министерството за одбрана.

Новите членови досега требаа само да приложат потврда дека не се казнувни и да се изјаснат оти ќе го почитуваат Уставот. Тајна проверка е дозволена само кај активните војници. Од министерството за одбрана е соопштено дека поради тоа доаѓа до безбедносни пропусти.

Заштита од вработување на исламисти и десни екстремисти

На Бундесверот тоа му се префрла и кога станува збор во врска со десниот тероризам на „Националистичкото подземје“ (НСУ). Уште тогаш почнаа со планираните промени. Досега беше можно „едно лице, кое е препознаено како екстремист, да биде распределено на друго работно место во Бундесверот“.

Во актуелното образложение на промената на воениот закон се наведува оти „во моментов постојат индиции дека исламистичките кругови се обидуваат во Бундесверот да ангажираат т.н. војници на куса служба, за да можат на тој начин да поминат обука за ракување со оружје“. Познато е дека 30 поранешни војници од 2007. година отпатувале во Ирак и Сирија. За поранешните војници тајната служба не била надлежна, но таквите лица за една таква служба се многу интересни.

Berlin Bundeswehr Rekruten öffentliches Gelöbnis
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Kumm

За активните војници не се планирани дополнителни контроли

Во иднина ќе бидат проверувани сите лица кои ќе се пријават за служба во Бундесверот. Се смета дека на тој начин годишните давачки ќе бидат зголемени за 8 милиони евра. За да можат сите нови војници да се проверат, во МАД и во Бундесверот ќе бидат отворени нови 90 работни места.

Но, што е со оние кои веќе служат во Бундесверот? Бундесверот во моментов брои 177.000 активни војници. Во предлогот на новиот закон се наведува оти МАД, кој во моментов вработува 1.100 лица, во иднина не би требало да прави пропусти за време на проверката на војниците.

МАД ќе биде активен во моментот кога едно лице ќе презеде „дејствија чуствителни по безбедноста“. Се работи за лица кои работат на места како што се магацините со оружје и муниција или ако им стане сомнителено на претпоставените или другите војници, како што беше случај со Даниел Б.. Бундесверот и МАД се залагаат за тоа таквите случаи да бидат препознаени на време исто како и десните екстремисти во сопствените радови кои се подготвени на насилство.