1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каде ќе му се суди на омилениот син на Гадафи?

20 ноември 2011

Либиските сили за безбедност го уапсија синот на екс-диктаторот Гадафи, Саиф ел-Ислам. Властите најавија дека процесот против него ќе се води во Либија. ЕУ бара од Либија да соработува со Меѓународниот кивичен суд.

https://p.dw.com/p/13DrR
Саиф ел-Ислам ГадафиФотографија: dapd

Најбараниот син на Моамер ел-Гадафи е притворен. Милиционерите на преодната влада во Либија го уапсија Саилф ел-Ислам Гадафи на југот на земјата. 39-годишниот омилен син на паднатиот диктатор се бара со меѓународна потерница.

Шефот на либиската влада и министерот за правда меѓутоа најавуваат дека против познатиот затвореник ќе се води процес во Либија. Премиерот Абдурахим ел Кеиб го отфрли барањето на Меѓународниот кривичен суд за израчување на Саиф ел-Ислам. „Го почитуваме меѓународното право, меѓутоа нашиот народ има право, овде да го изведе пред суд“, изјави шефот на преодната влада. Саиф ел-Ислам, ќе има третман според учењето на исламот за фер однос кон воени злосторници. „Сакам да ги уверам Либијците и сите други, дека Саиф ел-Ислам Гадафи и лицата кои се уапсени со него ќе добијат фер процес“, изјави Ел Кеиб.

Saif al-Islam Gaddafi / Festnahme / Libyen
Саиф ел-Ислам Гадафи уапсен на југот на ЛибијаФотографија: dapd

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон ја повика Либија да соработува со Меѓународниот кривичен суд во Ден Хаг. Од „големо значење е на Саиф ел-Ислам сега да му се гарантира безбедноста и правото за судска разврска“, изјави портпаролот на Ештон во Брисел.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Ден Хаг, Луис Морено Окампо го обвинува старото државно раководство во Либија, вклучително и Саиф ел-Ислам, за убиство на стотици цивили, измачувања, воено насилство против невооружени демонстранти и масовно силување. Во случај да биде прогласен за виновен за злосторства против човештвото, Меѓународниот кривичен суд може да пресуди највисока казна - доживотен затвор. Доколку му се суди во Либија би била можна и смртна казна.

Автор: АТ/ дпа

Редактор: Е.М. Фиданоска