1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија, светски првак

10 јули 2006

Италија по четврти пат ја освои титулата светски фудбалски првак. Капитенот на репрезентација Фабио Канаваро го подигна големиот пехар по синоќешниот триумф во пенал рулетот против Франција

https://p.dw.com/p/Ac56
Фотографија: AP

Фабио Гросо беше последниот актер во синоќешниот пенал рулет кој со прецизен удар стави точка на големата фудбалска драма на олимпискиот стадион во Берлин. Голема радост за италијанците, тага за Французите кои ја пропуштија можноста по втор пат да стигнат до големиот трофеј. Избраниците на селекторот Марчело Липи имаа повеќе нерви во завршницата и пенал рулетот. Давид Трезеге беше трагичарот кај французите. Неговиот силен удар од белата точка заврши во гредата на голот на Џанлуиџи Буфон

Инаку натпреварот по регуларните 90 минути и продолженијата заврши 1:1. Франција поведе со голот на Зинедин Зидан од пенал. Италија израмни преку Марко Матераци . Токму двајцата голфгетери фрлија дамка на синоќешниот голем нартпревар. Имено по една расправија за време на продолженијата Зидан од засега нејасни причини со глава го удри Матераци, по што најдобриот во францускиот тим беше исклучен. Голманот на Италија Буфон е прогласен за најдобар на првенството. Организацискиот комитет ссоопшти дека денеска ќе го соопшти името на најдобриот играч. Германецот Мирослав Клозе со пет постигнати голови е најдиобар стрелец на првенството.